Прескокни до главната содржина

123 Park Suite

Општи услови за користење на платформата „123 Park Private“

Датум на стапување во сила: 01.09.2026

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со овие Општи услови се уредува следната содржина:

1. ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА УСЛОВИТЕ

Овие Општи услови за користење („Општи услови“ или „Terms of Service“) ги уредуваат правата и обврските на сите корисници при користење на дигиталната платформа „123 Park Private“ („Платформата“).

Овие Општи услови претставуваат единствена договорна рамка за користење на Платформата во сите држави во кои услугата е достапна.

Прашањата кои зависат од националното законодавство (меродавно право, валута, даночен третман, права на потрошувачите, фискализација, надлежност, локална поддршка и други задолжителни правила) се уредуваат со посебен „Анекс за држава“, кој претставува составен дел од овие Општи услови.

Составен дел од овие Општи услови се и: Политиката за приватност и заштита на личните податоци, Политиката за колачиња, Ценовникот објавен на Платформата, Условите за продажба и гаранција на опрема и, за Сопствениците, Рамковниот договор.

2. ДАВАТЕЛ НА УСЛУГАТА

Платформата работи преку правни лица кои се овластени да ја обезбедуваат услугата на одделни пазари.

Во секоја држава услугата ја обезбедува правното лице определено како „Давател“ во соодветниот Анекс за таа држава.

Називот „123 Park®“ претставува заштитена трговска марка и име на платформата и не претставува самостоен правен субјект.

Доколку услугата ја обезбедуваат повеќе поврзани правни лица, нивните меѓусебни односи не влијаат врз правата и обврските на Корисниците утврдени со овие Општи услови.

3. ПРАВНА ПРИРОДА НА ПЛАТФОРМАТА

„123 Park Private“ претставува дигитална платформа преку која Давателот организира, управува и обезбедува услуги поврзани со краткорочно користење на паркинг места.

Согласно применетиот комерцијален модел, Давателот настапува како закупец на паркинг местото во однос со Сопственикот, врз основа на Рамковен договор за закуп, а како подзакуподавач во однос со Возачот.

Со секоја потврдена резервација преку Платформата:

  • настанува краткорочен закупен однос помеѓу Сопственикот и Давателот согласно Рамковниот договор;
  • Давателот го дава конкретното паркинг место на користење на Возачот преку краткорочен подзакуп;
  • Потврдата за резервација претставува електронски доказ за настанување на конкретниот договорен однос.

Давателот управува со Платформата, врши наплата, издава електронски ваучери, фактури, управува со пристапот и обезбедува дигитална инфраструктура за реализација на закупниот однос.

Услугата опфаќа право на користење на паркинг место во определен временски период. Услугата не претставува чување на возило и не создава договор за оставање или чување на предмети, ниту обврска за надзор над возилото или неговата содржина.

4. ДЕФИНИЦИИ

За целите на овие Општи Услови ги даваме следните дефиниции:

„Давател“ е правното лице определено во соодветниот Анекс за државата, кое ја развива, управува, одржува и обезбедува Платформата и услугите достапни преку неа.

„Платформа“ е софтверско решение достапно преку веб и/или мобилна апликација. 123 Park е платформа што ги поврзува сопствениците на паркинг места со возачите.

„Сопственик“ е физичко или правно лице кое има право на сопственост или друго законско право да располага со паркинг место и кое тоа право го докажува со соодветна документација (имотен лист, договор, решение или друг валиден правен основ).

„Возач“ е лице кое поседува валидна возачка дозвола и кое резервира и користи паркинг место преку Платформата. Со електронското прифаќање на резервацијата преку Платформата се смета дека е воспоставен договорен однос за користење на паркинг место.

„Корисник“ е секое лице кое користи услуги преку Платформата.

„Паркинг место“ е површина наменета за паркирање возила за соодветна категорија корисник.

„Корисничка сметка“ (Account) е индивидуален електронски профил креиран на Платформата преку кој Корисникот се идентификува, пристапува до услугите, управува со своите податоци, резервации, плаќања, претплати, уреди и другите функционалности што му се овозможени.

„Уред“ (Device) е секој хардверски производ кој е компатибилен со Платформата и овозможува електронско управување, контрола или пристап до паркинг место, без оглед на неговиот производител или технологија.

„Паметен уред“ (Smart Device) е електронски уред кој може да комуницира со Платформата преку интернет, Bluetooth, мобилна мрежа или друга електронска комуникациска технологија и кој овозможува автоматизирано управување со пристапот до паркинг место.

„Претплата“ (Subscription) е договорен модел на периодично користење на определени услуги или функционалности на Платформата за однапред определен временски период, по претходно извршено плаќање согласно избраниот пакет.

„Ваучер“ е еднонаменски претплатен кредит купен од Возачот преку Платформата, што се користи за плаќање на резервации и паркирање.

„Закупнина“ е износот што му припаѓа на Сопственикот по одделна резервација и е еднаков на цената платена од Возачот намалена за Провизијата.

„Спецификација за рефундирање“ е периодичната пресметка што Давателот му ја издава на Сопственикот, во која се прикажани наплатените износи од Возачите, задржаната Провизија, применетиот данок на додадена вредност и задржаните јавни давачки доколку ги има, и нето-износот за исплата на закупнината.

„Платежен процесор“ (Payment Processor) е овластено трето лице кое обезбедува услуги за обработка на електронски плаќања преку платежни картички, дигитални паричници или други платежни инструменти и кое постапува согласно важечките прописи за платежни услуги.

„Период на користење на паркинг место“ (Parking Session) е временскиот интервал кој започнува со почетокот на резервираното користење на паркинг местото, а завршува со истекот на резервираното време или со порано завршување на користењето, согласно правилата на Платформата.

„Резервација“ (Booking) е електронско барање поднесено од Возачот преку Платформата за користење на определено паркинг место за конкретен временски период, кое станува обврзувачко по неговото потврдување согласно овие Општи услови.

„Потврда на резервација“ (Booking Confirmation) е електронска потврда издадена преку Платформата со која се потврдува успешно склучување на договорот за користење на конкретното паркинг место и која ги содржи основните услови на користењето.

„Откажување“ (Cancellation) е еднострано повлекување на потврдена резервација од страна на Возачот, Сопственикот или Давателот, согласно условите утврдени во овие Општи услови и применливиот Анекс за државата.

„Правила за откажување“ (Cancellation Policy) се правилата утврдени со Анекс бр. 1 кон овие Општи услови и со условите за конкретната резервација, кои ги определуваат роковите, условите и последиците од откажување на резервација, како и евентуалното право на рефундација или задржување на платените средства.

„Провизија“ (Commission) е надоместокот што Давателот го задржува од наплатената цена за обезбедување на услугите преку Платформата, обработка на плаќања и другите услуги утврдени со овие Општи услови. Висината на провизијата се определува согласно Ценовникот, во зависност од претплатничкиот пакет и даночниот статус на Сопственикот.

„Достапност“ (Availability) е статус на паркинг место кој означува дека истото е расположливо за резервација и користење во определен временски период согласно податоците внесени од Сопственикот и евиденцијата на Платформата.

„Работно време“ (Working Hours) е временскиот период во кој определено паркинг место може да биде резервирано и користено преку Платформата, согласно поставките определени од Сопственикот или Давателот.

„Електронско прифаќање“ (Electronic Acceptance) е секое дејствие извршено преку Платформата со кое Корисникот недвосмислено ја изразува својата согласност за склучување на договор, прифаќање на Општите услови, резервација, плаќање или друго правно релевантно дејствие, без оглед дали тоа е извршено со означување на поле („click-wrap“), електронски потпис, дигитална автентикација или друга електронска постапка предвидена од Платформата.

„Дигитален договор“ (Digital Contract) е договор склучен по електронски пат преку Платформата, без физичко присуство на договорните страни, кој произведува правно дејство согласно применливото законодавство и овие Општи услови.

„Електронски запис“ е секој електронски податок, лог, временска ознака (timestamp), потврда, запис за пристап или друга дигитална информација создадена од Платформата.

„Деловен ден“ е секој ден освен сабота, недела и државен празник во државата определена во соодветниот Анекс.

„Функционалности на Платформата“ се сите услуги, модули, апликации, интерфејси, API и други функции што Давателот ги прави достапни.

„Платежен инструмент“ е платежна картичка, дигитален паричник, банкарска сметка или друг инструмент што се користи за плаќање преку Платформата.

„Електронско известување“ е секоја порака испратена преку Платформата, електронска пошта, push-известување или друг електронски канал што се смета за уредно доставена под условите утврдени во Општите услови.

„Нејавување“ (No-show) е ситуација кога Возачот има потврдена резервација, но не го започнува користењето на паркинг местото во предвидениот временски период, без претходно да ја откаже резервацијата согласно Правилата за откажување.

Во случај на нејавување, Давателот може да ја смета резервацијата за искористена, да одбие рефундација и да примени други мерки предвидени со овие Општи услови.

„Пречекорување на резервираното време“ (Overstay) е користење на паркинг место по истекот на резервираниот период без претходно продолжување на резервацијата преку Платформата.

Во случај на пречекорување, Давателот може да пресмета дополнителен надоместок согласно ценовникот, како и да примени други мерки утврдени со овие Општи услови.

„Измама“ (Fraud) е секое намерно дејствие или обид за стекнување противправна корист преку Платформата, особено преку користење лажни или украдени платежни средства, лажни лични податоци, злоупотреба на промотивни понуди, манипулација со резервации, неовластено користење на корисничка сметка или друго измамничко однесување.

Давателот има право веднаш да ја блокира сметката и да ги преземе сите законски мерки.

„Повеќекратни кориснички сметки“ (Multiple Accounts) претставува отворање или користење две или повеќе кориснички сметки од ист Корисник со цел заобиколување на овие Општи услови, стекнување неосновани поволности, користење промотивни понуди повеќекратно или избегнување ограничувања воведени од Давателот.

Давателот може да ги спои, суспендира или избрише таквите сметки.

„Злоупотреба“ (Abuse) е секое користење на Платформата спротивно на нејзината намена, на овие Општи услови, добрите деловни обичаи или задолжителните законски прописи, со кое може да се предизвика штета на Давателот, Сопствениците, другите Корисници или трети лица.

„Неправилно користење“ (Misuse) е користење на Платформата на начин што не е во согласност со нејзината техничка намена или упатствата за користење, без притоа нужно да постои намера за измама или стекнување противправна корист.

Неправилното користење може да вклучува погрешни резервации, неовластено користење на туѓи податоци, користење спротивно на упатствата или други дејствија што го нарушуваат правилното функционирање на Платформата.

„Привремена суспензија“ (Temporary Suspension) е времена мерка со која Давателот привремено го ограничува пристапот на Корисникот до целата Платформа или до одделни услуги кога постои основано сомнение за повреда на овие Општи услови, безбедносен ризик, измама или друга околност што бара дополнителна проверка.

За времетраење на суспензијата Корисникот нема право да ги користи ограничените услуги.

„Трајна суспензија“ (Permanent Suspension) е мерка со која Давателот трајно го укинува правото на Корисникот да ја користи Платформата поради тешка или повторена повреда на овие Општи услови, измама, злоупотреба, незаконско постапување или други оправдани причини утврдени со овие Општи услови или со применливото право.

Трајната суспензија може да вклучува бришење на корисничката сметка, забрана за повторна регистрација и преземање други мерки предвидени со закон.

„Лажно пријавување“ (False Claim) е поднесување неточни, нецелосни или лажно прикажани информации, фотографии или докази со цел стекнување право на рефундација, надомест или друга корист.

„Повторени повреди“ (Repeated Violations) се две или повеќе повреди на овие Општи услови извршени од ист Корисник во период определен од Давателот, кои претставуваат основ за применување построги мерки, вклучително и трајна суспензија.

„Ценовник“ претставува збир на актуелни цени, надоместоци, претплатнички пакети, тарифи и други финансиски услови објавени преку Платформата, кои можат да се менуваат однапред за идни користења.

5. КОМЕРЦИЈАЛНИ МОДЕЛИ

Платформата може да функционира преку еден или повеќе комерцијални модели. Давателот може истовремено да применува повеќе комерцијални модели за различни категории корисници или различни услуги.

5.1. Основен модел – рамковен закуп и подзакуп

Основниот модел на работење на Платформата е моделот на рамковен закуп и подзакуп.

Со Сопственикот што сака да ги нуди своите паркинг места за изнајмување преку Платформата се склучува Рамковен договор за закуп, во електронска форма. Со потпишувањето на Рамковниот договор Сопственикот однапред му го дава на Давателот условното право на краткорочен закуп за секој иден термин што ќе биде резервиран преку Платформата и однапред се согласува паркинг местото да се дава во подзакуп на регистрирани Возачи.

Со потврдата на конкретната резервација не се склучува нов договор, туку автоматски се активира однапред договорениот закуп за резервираниот период, без потреба од дополнителна согласност или потпишување посебен документ.

Закупнината за секоја поединечна резервација е еднаква на цената платена од Возачот, намалена за Провизијата на Давателот.

5.2. Претплатнички модел (само за сопственици)

Сопственикот плаќа месечна или годишна претплата за користење на услугите на Платформата.

Со активна претплата Сопственикот може:

  • да управува со своите паркинг места;
  • да управува со уредите;
  • да овозможува пристап на гости;
  • да креира под-корисници;
  • да користи аналитички и административни функции;
  • по сопствен избор да ги нуди своите паркинг места за изнајмување.

Доколку Сопственикот избере да ги изнајмува своите паркинг места преку Платформата, Давателот врши наплата од Возачот за користење на паркинг место и согласно применетиот модел врши пресметка и исплата кон Сопственикот согласно Рамковниот договор.

Стапката на провизија не е единствена. Таа се определува според претплатничкиот пакет на Сопственикот и според неговиот даночен статус, а конкретните стапки се утврдени во Ценовникот објавен на Платформата. Измена на стапката произведува дејство само за резервации потврдени по нејзиното стапување во сила и не влијае врз веќе потврдените резервации.

5.3. Директен месечен закуп (за Model 2)

Кога тоа е договорено со посебен договор, Давателот може да закупи паркинг места од Сопственикот и истите да ги дава на користење во подзакуп во свое име.

Во тој случај меѓусебните права и обврски се уредуваат со посебен договор кој има предност во однос на овие Општи услови.

6. КОРИСНИЦИ НА ПЛАТФОРМАТА

Корисници на Платформата можат да бидат:

  • Возачи;
  • Сопственици на паркинг места;
  • други лица на кои Давателот им овозможил користење на одделни функционалности.

Правно лице може да користи услуги преку овластено физичко лице.

Корисникот мора да има деловна способност, односно најмалку 18 години, освен ако задолжителното право на одделна држава определува поинаку.

6.1. Возачи

Со овој дел од условите се регулираат исклучиво возачите и тоа:

  • купување ваучери
  • резервации
  • користење попусти
  • обврски
  • прекршувања
  • неискористен кредит
  • потрошувачки права

Регистрацијата на корисничката сметка е уредена во точка 9 од овие Општи услови.

Мобилната апликација е бесплатна.

Возачите купуваат ваучери за паркинг (prepaid кредит) со кои резервираат и плаќаат паркинг.

Може да користат попусти/купони кога постојат (нпр. referral попусти).

Потрошувачки права се согласно закон заштитени. Возачите се потрошувачи и условите не смеат да ги ограничуваат задолжителните права по соодветниот закон за заштита на потрошувачите.

Напуштање на местото навреме: возачот е должен да го напушти паркинг местото кога ќе истече времето за кое резервирал. При прекршување, Давателот може да му фактурира надомест во висина на дневно паркирање за тоа место; при повеќекратно прекршување, може да го исклучи од системот.

Откажувањето на резервација и рефундацијата се уредени со Анекс бр. 1 — Правила за откажување и рефундација, кој претставува составен дел од овие Општи услови. Условите за откажување што важат за конкретната резервација му се прикажуваат на Возачот пред нејзината потврда.

Недостапно резервирано место: ако возачот резервирал, а местото е недостапно во резервираното време, доставува доказ (слика) и може да побара надомест преку поддршката на Давателот.

Неискористен кредит: возачот може да побара од поддршката на Давателот средствата да му се префрлат на банкарска сметка, при што кредитот за паркинг соодветно се намалува но само во случај на бришење сметка.

За односите со Возачите уредени во оваа точка особено се применуваат дефинициите од точка 4 за: Правила за откажување, Нејавување (No-show), Пречекорување на резервираното време (Overstay), Измама, Лажно пријавување, Повеќекратни кориснички сметки, Злоупотреба, Неправилно користење, Привремена суспензија, Трајна суспензија и Повторени повреди.

6.2. Сопственици

Во овој дел се уредуваат односите со сопствениците на паркинг места, во делот за сопствено користење или за изнајмување на возачи.

Сопствено користење (без изнајмување): Сопственикот може да го користи сервисот само за свои потреби, за да овозможува еднократен пристап за гости, под-корисници (owner users) и централно следење на користењето на местата. Претплатата е потребна и во овој случај.

Опремата ја купуваат и останува во нивна сопственост (преку нарачка; цена + услуги како монтажа).

Гаранција: доаѓа со уредите, со дефиниран рок по тип на уред. Деталните услови се во посебен документ.

Претплата (subscription): некои услуги се можни само со активна претплата за управување со уредите преку мобилната апликација и изнајмување на паркинзи; Рамковниот договор се склучува електронски, со Сопственик што ги нуди своите паркинг места за изнајмување преку Платформата.

Услови за претплата: корисникот сам бира пакет; претплатата е prepaid, за период (месечно/годишно); прекин во секое време (важи до крајот на платениот период, без понатамошна наплата); можен пробен период (еднократно).

Промена на цени: Давателот може да ги менува цените на пакетите и на опремата; новите цени важат однапред (за следниот период / следната нарачка), не ретроактивно.

Изнајмување и провизија: Давателот наплаќа од Возачот, а на Сопственикот му исплаќа преку Спецификација за рефундирање, намалено за договорената провизија.

Обврска за достапност при изнајмување: Сопственикот е должен да обезбеди паркинг местото да биде достапно во времето за кое е резервирано. За ова може да ги користи уредите што ги продава Давателот, или да контролира рачно но тогаш сам гарантира за достапноста. При прекршување, Давателот може да го исклучи од системот.

6.2.1. Права на Сопственикот се:

  • Право на измена на цената;
  • Право на измена на достапноста;
  • Право на измена на работното време;
  • Право на привремено повлекување на паркинг место;
  • Право на трајно бришење на паркинг место;
  • Право на привремено затворање поради одржување;
  • Право на определување на максимално времетраење на користење;
  • Право на привремено блокирање на календарот.

„Право на измена на цената“ е правото на Сопственикот, преку функционалностите на Платформата, да ја измени цената за користење на своето паркинг место за идни резервации, согласно правилата на Платформата. Изменетата цена не влијае врз веќе потврдените резервации, освен ако поинаку не е предвидено со овие Општи услови или со задолжителните законски прописи.

„Право на измена на достапноста“ е правото на Сопственикот да ги измени деновите, часовите и периодите во кои неговото паркинг место ќе биде достапно за резервација преку Платформата. Измените произведуваат дејство само за идните резервации и не влијаат врз веќе потврдените резервации.

„Право на привремено повлекување на паркинг место“ е правото на Сопственикот привремено да го направи своето паркинг место недостапно за нови резервации за определен временски период, без притоа да го избрише од Платформата. За време на привременото повлекување не можат да се вршат нови резервации, додека веќе потврдените резервации остануваат во сила, освен ако не се откажани согласно овие Општи услови.

„Право на трајно бришење на паркинг место“ е правото на Сопственикот трајно да го отстрани своето паркинг место од Платформата. Со трајното бришење престанува можноста за идни резервации, при што веќе склучените договорни односи, финансиските обврски и другите права стекнати пред бришењето остануваат во сила до нивното целосно исполнување.

„Право на измена на работното време“ е правото на Сопственикот да го измени работното време во кое паркинг местото може да биде резервирано и користено преку Платформата. Измената се применува за идните резервации и не влијае врз веќе потврдените резервации, освен ако поинаку не е договорено или произлегува од задолжителни законски прописи.

„Право на привремено затворање поради одржување“ е правото на Сопственикот привремено да го направи паркинг местото недостапно заради поправки, одржување, реконструкција, безбедносни причини или други оправдани околности.

„Право на определување на максимално времетраење на користење“ е правото на Сопственикот да го определи најдолгиот период за кој едно паркинг место може да биде резервирано во рамките на една резервација, согласно функционалностите што ги овозможува Платформата.

„Право на привремено блокирање на календарот“ е правото на Сопственикот да означи определени датуми или временски периоди како недостапни за резервација, без да го повлече или избрише паркинг местото од Платформата.

6.2.2. Обврски на Сопственикот се:

  • да обезбеди точност на податоците;
  • да обезбеди достапност на резервираното место;
  • да ги почитува потврдените резервации;
  • да не внесува лажни или погрешни информации;
  • да гарантира дека има право на сопственост или друго законско право да располага со паркинг местото и да го извести Давателот за секоја промена на тоа право;
  • да постапува согласно важечките прописи.

Платформата на Сопственикот му овозможува регистрација и верификација, сопствено користење, претплата, управување со уредите, остварување на гаранцијата, изнајмување, пресметка на провизијата и рефундација, како и управување со достапноста на паркинг местото.

7. ПЛАЌАЊА

Плаќања ќе се вршат преку „Платежен процесор“ (Payment Processor), кој е овластено трето лице кое обезбедува услуги за авторизација, обработка, порамнување и реализација на електронски плаќања преку платежни картички, дигитални паричници или други платежни инструменти, согласно применливото законодавство. За потребите на Платформата, Платежен процесор може да биде CaSys, како и секој друг овластен давател на платежни услуги што Давателот ќе го ангажира во иднина.

„Давател на платежни услуги (Payment Service Provider – PSP)“ е банка, платежна институција, институција за електронски пари или друг овластен субјект кој обезбедува платежни услуги согласно применливото законодавство. За потребите на Платформата, услугите на Давател на платежни услуги можат да се обезбедуваат преку една или повеќе овластени финансиски институции и нивните платежни системи.

„CaSys“ е електронски платежен портал преку кој Платформата овозможува безбедна авторизација и обработка на електронски плаќања со платежни картички и други поддржани платежни инструменти. CaSys претставува техничка инфраструктура за обработка на платежни трансакции и функционира во соработка со овластени даватели на платежни услуги и банки.

„Платежен портал (Payment Gateway)“ е безбедносен електронски систем преку кој Платформата овозможува иницирање, пренос и заштитена обработка на податоците потребни за извршување на електронски плаќања со платежни картички, дигитални паричници или други поддржани платежни инструменти. Платежниот портал обезбедува сигурна комуникација помеѓу Платформата, Корисникот, Платежниот процесор и другите учесници во платежната трансакција, без да претставува договорна страна во односот помеѓу Давателот, Сопственикот и Корисникот.

Давателот има право во секое време да го промени Payment Gateway без претходна согласност на Корисниците.

Давателот не одговара за прекин на услугите предизвикан од Payment Gateway.

Платформата може во секое време да користи еден или повеќе платежни портали (Payment Gateway), вклучително и CaSys или друг овластен давател на платежни услуги, без потреба од измена на овие Општи услови.

„PSD2“ е Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар на Европската Унија, како и секој национален пропис со кој таа е имплементирана или заменета, а кој се применува на услугите за електронски плаќања преку Платформата кога тоа е применливо.

„3D Secure“ е безбедносен механизам за дополнителна автентикација на имателот на платежната картичка при електронско плаќање, обезбеден од издавачот на картичката или Платежниот процесор.

„Chargeback“ е постапка иницирана од имателот на платежна картичка или неговата банка за поништување на претходно извршена трансакција согласно правилата на картичните шеми и применливото законодавство.

„Рефундација“ е целосно враќање на претходно платени средства на Корисникот согласно овие Општи услови, применливиот Анекс за државата или задолжителните законски прописи.

„Делумна рефундација“ е враќање само на дел од претходно платениот износ кога тоа е предвидено со овие Општи услови, ценовникот или задолжителните законски прописи.

„Неуспешно плаќање“ е платежна трансакција која не е успешно авторизирана, обработена или реализирана поради одбивање од банката, Платежниот процесор, недоволно средства, технички проблем или друга причина надвор од контролата на Давателот.

„Одложено порамнување“ (Delayed Settlement) е доцнење во преносот или исплатата на средства кон Сопственикот или Давателот поради обработка од страна на Платежниот процесор, банките, картичните организации, регулаторни проверки или други оправдани причини.

„Даноци“ (Taxes) се сите даноци, јавни давачки, придонеси, такси или други задолжителни финансиски обврски што произлегуваат од користењето на Платформата согласно применливото законодавство.

„Конверзија на валута“ (Currency Conversion) е пресметка и размена на една валута во друга валута при обработка на плаќањето, согласно курсот применет од банката, Платежниот процесор или друга овластена финансиска институција.

„Банкарски трошоци“ (Bank Fees) се сите надоместоци, провизии, трошоци за трансакции, конверзија на валути или други банкарски расходи што ги пресметуваат банките, картичните организации или Платежниот процесор.

„Спречување на измами“ (Fraud Prevention) претставува збир на технички, организациски и безбедносни мерки што Давателот и Платежниот процесор ги применуваат со цел откривање, спречување и намалување на ризикот од измамнички трансакции, злоупотреби и неовластени плаќања.

„AML (Anti-Money Laundering)“ претставува мерки за спречување перење пари и финансирање тероризам што се применуваат согласно важечкото законодавство и можат да опфатат дополнителна проверка на Корисникот, плаќањата или потеклото на средствата.

„KYC (Know Your Customer)“ е постапка за идентификација и проверка на идентитетот на Корисникот што Давателот или Платежниот процесор можат да ја спроведат согласно законските обврски или правилата за спречување перење пари.

„Зачуван платежен инструмент“ (Stored Payment Method) е платежна картичка, дигитален паричник или друг платежен инструмент што Корисникот доброволно го зачувал преку Платформата или Платежниот процесор заради побрзо извршување на идни плаќања.

„Apple Pay“ е дигитален платежен сервис кој овозможува електронски плаќања преку уреди произведени од Apple, доколку таквиот начин на плаќање е овозможен на Платформата.

„Google Pay“ е дигитален платежен сервис кој овозможува електронски плаќања преку уреди што го поддржуваат сервисот Google Pay, доколку таквиот начин на плаќање е овозможен на Платформата.

„Обновување на претплата“ (Subscription Renewal) е продолжување на важноста на претплатата за нов претплатен период, автоматски или рачно, согласно избраниот пакет и поставките на Корисникот.

„Фактура“ (Invoice) е електронски или друг документ издаден согласно применливото законодавство, со кој се евидентира извршената услуга, платениот износ, даночниот третман и другите задолжителни податоци.

„Данок на додадена вредност (ДДВ)“ (VAT) е данок што се пресметува и наплатува согласно применливите даночни прописи на државата определена во соодветниот Анекс, кога тоа е законски задолжително.

Валутата на плаќање се определува согласно Анексот за соодветната држава. Банката може да изврши конверзија на валута. Курсот не го определува Давателот и Давателот не одговара за курсни разлики.

8. ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ

Со регистрација на корисничка сметка, најавување преку сервис на трета страна, означување на полето „Се согласувам“, користење на Платформата или користење на која било услуга обезбедена преку Платформата, Корисникот потврдува дека:

  • ги прочитал овие Општи услови;
  • ги разбрал нивните одредби;
  • доброволно ги прифаќа;
  • прифаќа електронското склучување на договорниот однос.

Електронското прифаќање има правно дејство еднакво на своерачен потпис, согласно применливото законодавство.

9. КОРИСНИЧКА СМЕТКА И КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

9.1. Регистрација на корисничка сметка

Пристапот до одредени функционалности на Платформата е возможен само по регистрација на корисничка сметка.

Корисникот може да регистрира корисничка сметка на следниот начин:

  • со внесување на бараните податоци преку формата за регистрација; или
  • со користење на услуга за автентикација обезбедена од трета страна, доколку таквата можност е достапна на Платформата.

Со регистрацијата Корисникот потврдува дека е деловно способен, над 18 години и овластен да склучува договори согласно применливото право.

9.2. Точност на податоците

Корисникот е должен:

  • да обезбеди точни, вистинити и целосни податоци;
  • редовно да ги ажурира доколку се изменат;
  • да не користи лажен идентитет или податоци на друго лице без соодветно овластување кое се докажува со приложување на Полномошно.

Давателот има право да побара дополнителна потврда на идентитетот кога тоа е неопходно заради безбедност, исполнување на законски обврски или спречување злоупотреби.

9.3. Корисничко име и лозинка

Корисникот е единствено одговорен за:

  • доверливоста на своите пристапни податоци;
  • сите активности извршени преку неговата корисничка сметка;
  • изборот на доволно безбедна лозинка.

Корисникот не смее да ги отстапува своите пристапни податоци на трети лица.

9.4. Безбедност на корисничката сметка

Доколку Корисникот се посомнева дека неговата сметка е неовластено користена, должен е без одлагање да го извести Давателот.

До моментот на приемот на известувањето, Корисникот сноси одговорност за сите активности преземени преку неговата сметка, освен ако со закон е поинаку определено.

9.5. Една корисничка сметка

Освен ако Давателот изречно не дозволи поинаку, едно лице може да има само една активна корисничка сметка.

Не е дозволено отворање повеќе сметки со цел избегнување на ограничувања, санкции или други правила на Платформата.

9.6. Суспензија и ограничување

Давателот има право привремено да ја ограничи или суспендира корисничката сметка доколку:

  • постои основано сомнение за злоупотреба;
  • се користат неточни или лажни податоци;
  • Корисникот ги прекршува овие Општи услови;
  • постои ризик за безбедноста на Платформата;
  • тоа е неопходно за исполнување законска обврска или по налог на надлежен орган.

Кога тоа е разумно возможно, Корисникот ќе биде известен за причините за суспензијата.

9.7. Бришење на корисничката сметка

Корисникот може во секое време да побара бришење на својата корисничка сметка, освен кога Давателот има законска обврска да задржи одредени податоци.

Давателот може трајно да ја избрише корисничката сметка во случај на тешко или повторено прекршување на овие Општи услови.

Бришењето на сметката не ги засега веќе настанатите права и обврски на договорните страни.

9.8. Одговорност за користење на сметката

Корисникот е одговорен за сите дејствија преземени преку неговата корисничка сметка, освен ако докаже дека тие се резултат на неовластен пристап за кој не придонел со своја вина.

Злоупотребата на корисничката сметка може да претставува основ за суспензија, бришење на сметката, надомест на штета и преземање други мерки предвидени со закон.

9.9. Кориснички профил

При регистрацијата Корисникот е должен да обезбеди точни, целосни и ажурирани податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • име и презиме / назив на правно лице;
  • контакт податоци;
  • електронска адреса;
  • телефонски број;
  • други податоци кои се неопходни за користење на конкретните услуги на Платформата.

Со креирање на корисничкиот профил, Корисникот потврдува дека:

  • ги исполнува условите за користење на Платформата;
  • податоците што ги доставил се точни и вистинити;
  • ќе ги ажурира податоците доколку настане промена;
  • ќе ја користи Платформата согласно овие Општи услови и применливото законодавство.

Има повеќе видови кориснички профили. Во зависност од начинот на користење на Платформата, Корисниците можат да имаат еден или повеќе од следните видови кориснички профили:

А) Возач (Корисник на паркинг услуга)

Возачот има право:

  • да пребарува достапни паркинг места;
  • да добива информации за достапност, услови и цена на користење;
  • да направи резервација согласно условите определени на Платформата;
  • да изврши плаќање преку достапните платежни механизми;
  • да ги користи останатите функционалности предвидени за оваа корисничка улога.

Б) Сопственик на паркинг место (Давател на паркинг место)

Сопственик на паркинг место е физичко или правно лице кое преку Платформата нуди расположливо паркинг место за користење од страна на Возачи.

Сопственикот има право:

  • да креира оглас за достапно паркинг место;
  • да внесе податоци за локација, достапност, услови и цена;
  • да управува со достапноста на своето паркинг место;
  • да добива надомест согласно условите за користење на Платформата.

В) Деловен корисник

Деловен корисник е правно лице или физичко лице кое врши регистрирана дејност и ја користи Платформата во рамки на своето деловно работење.

Деловниот корисник може да користи дополнителни функционалности, согласно договорот со Давателот и достапните услуги на Платформата.

Деловниот корисник е должен:

  • да обезбеди точни деловни податоци и овластување;
  • да постапува согласно применливото законодавство;
  • да ги исполнува дополнителните услови доколку се предвидени за деловни корисници.

Г) Администраторски профил

Администраторскиот профил е профил доделен исклучиво од Давателот на овластени лица за управување, одржување и техничка поддршка на Платформата.

Администраторот нема својство на Возач или Сопственик на паркинг место, освен ако поседува посебен кориснички профил во друга улога.

Администраторскиот пристап се користи исклучиво за:

  • техничко управување со Платформата;
  • одржување на системот;
  • обработка на кориснички барања;
  • спречување злоупотреби и обезбедување безбедност на системот.

Д) Комбинирани кориснички улоги

Еден Корисник може истовремено да има повеќе кориснички улоги, доколку ги исполнува условите за секоја од нив.

Особено, исто лице може истовремено да биде:

  • Возач кој користи паркинг места преку Платформата; и
  • Сопственик на паркинг место кој нуди свое паркинг место преку Платформата.

Во случај кога Корисникот користи повеќе улоги, неговите права, обврски и одговорности се определуваат согласно улогата во која настапува во конкретната трансакција.

(Пример: кога резервира паркинг место има права и обврски како Возач; кога нуди свое паркинг место има права и обврски како Сопственик.)

Правата, обврските и одговорностите на Корисникот зависат од видот на корисничкиот профил и конкретната улога што ја користи при пристап и користење на Платформата.

Одредбите од овие Општи услови кои се однесуваат на одредена категорија корисници се применуваат само на Корисници кои настапуваат во таа улога.

Давателот има право да определува различни нивоа на пристап и функционалности зависно од видот на корисничкиот профил.

10. ПОДДРШКА

Давателот обезбедува корисничка поддршка за користење на Платформата.

Поддршката се обезбедува преку:

  • e-mail;
  • helpdesk;
  • in-app пораки;
  • телефон, доколку е достапен.

Работното време, јазикот и контактите за поддршка се определуваат во Анексот за државата.

Поддршката опфаќа прашања поврзани со:

  • користење на Платформата;
  • кориснички сметки;
  • плаќања;
  • резервации;
  • фактурирање.

Прашањата поврзани со гаранцијата на хардверот се решаваат согласно посебните Услови за гаранција.

11. ПРИВАТНОСТ

Обработката на личните податоци се врши согласно Политика за приватност и заштита на лични податоци.

Политиката за приватност претставува составен дел од овие Општи услови.

12. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Давателот не гарантира непрекината работа. Не одговара за Google Maps. Не одговара за интернет. Не одговара за Bluetooth. Не одговара ако телефонот е исклучен. Не одговара за кражба. Не одговара за оштетување. Не одговара за физичката состојба на паркингот.

Ограничувањата од оваа точка не се применуваат кога штетата е предизвикана со намера или со груба небрежност на Давателот, ниту кога со задолжителни прописи, вклучително прописите за заштита на потрошувачите, е определено поинаку.

13. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

13.1. Права на Давателот

Сите права на интелектуална сопственост поврзани со Платформата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на трговскиот знак, називот, визуелниот идентитет, софтверот, апликацијата, програмскиот код, архитектурата на системот, корисничкиот интерфејс, базите на податоци, API-интерфејсите, функционалностите, дизајнот, документацијата и други елементи на Платформата, се сопственост на Давателот или на неговите носители на права.

Корисникот стекнува само ограничено, лично, непреносливо и неисклучиво право да ја користи Платформата согласно овие Општи услови.

Со користење на Платформата Корисникот не стекнува никакво право на сопственост, лиценца или друго право врз интелектуалната сопственост на Давателот, освен правото на користење изречно дозволено со овие Општи услови.

13.2. Трговски знак и бренд

Називот и брендот „123 Park®“, како и сите поврзани ознаки, логоа, графички елементи и визуелен идентитет, претставуваат заштитени права на интелектуална сопственост.

Никое лице нема право без претходна писмена согласност од Давателот:

  • да го користи брендот 123 Park®;
  • да го репродуцира или менува логото;
  • да создава слични ознаки со цел создавање забуна кај корисниците;
  • да го користи брендот за комерцијални цели.

13.3. Софтвер и технички елементи на Платформата

Следните елементи се сметаат за дел од заштитената интелектуална сопственост на Давателот:

  • мобилната апликација;
  • веб-платформата;
  • изворниот и објектниот програмски код;
  • софтверските компоненти;
  • API-интерфејсите;
  • базите на податоци;
  • структурата и организацијата на податоците;
  • алгоритмите и логиката на работење;
  • дизајнот и корисничкото искуство (UI/UX);
  • техничката документација.

Корисникот нема право да копира, презема, менува, дистрибуира, продава или користи било кој дел од Платформата надвор од дозволеното користење согласно овие Општи услови.

13.4. Забрана на обратно инженерство (Reverse Engineering)

Корисникот не смее, директно или индиректно:

  • да врши обратно инженерство (reverse engineering);
  • да декомпајлира, расклопува или анализира програмски код;
  • да се обидува да го открие изворниот код или архитектурата на системот;
  • да создава копии, деривативни производи или функционално слични системи врз основа на Платформата.

Забраната од овој член се применува во најголема мера дозволена согласно применливото законодавство.

13.5. Корисничка содржина

Корисникот го задржува сопствеништвото над содржината која самиот ја внесува на Платформата, вклучувајќи фотографии, опис на паркинг место, информации и други материјали.

Со внесување содржина на Платформата, Корисникот му дава на Давателот ограничено, неисклучиво право да ја користи таа содржина исклучиво за:

  • функционирање на Платформата;
  • прикажување на понудите;
  • овозможување резервации;
  • подобрување на услугите.

Корисникот гарантира дека има право да ја користи и објави внесената содржина и дека со нејзиното објавување не повредува права на трети лица.

13.6. Повреда на правата на интелектуална сопственост

Секое неовластено користење, копирање, преземање или располагање со интелектуалната сопственост на Давателот претставува повреда на овие Општи услови и може да биде основ за:

  • ограничување или прекин на пристапот до Платформата;
  • бришење на корисничката сметка;
  • надомест на причинета штета;
  • преземање други правни дејствија согласно закон.

14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

14.1. Виша сила (Force Majeure)

Ниту Давателот, ниту Корисникот нема да одговараат за целосно или делумно неисполнување, задоцнето исполнување или неправилно исполнување на своите обврски согласно овие Општи услови, доколку таквото неисполнување е директна последица на настан на виша сила.

Под виша сила, во смисла на овие Општи услови, се подразбира секој непредвидлив и неизбежен настан или околност која е надвор од разумна контрола на засегнатата страна и која директно го оневозможува или значително го отежнува исполнувањето на договорните обврски.

Како настани на виша сила особено, но не исклучиво, се сметаат:

  • природни катастрофи и непогоди (земјотреси, поплави, пожари, екстремни временски услови и други природни настани);
  • војни, воени дејствија, терористички акти, граѓански немири и други облици на јавни нарушувања;
  • епидемии, пандемии и мерки преземени од надлежни органи поради такви состојби;
  • прекин или сериозно нарушување на снабдувањето со електрична енергија;
  • прекин или сериозно нарушување на телекомуникациски, интернет или хостинг услуги;
  • пад или недостапност на инфраструктура на трети лица врз која се потпира Платформата (cloud услуги, payment gateway, API услуги и други надворешни системи);
  • сајбер-напади од значителен обем, DDoS напади, неовластени упади или други безбедносни инциденти кои не можеле разумно да бидат спречени;
  • одлуки, забрани, ограничувања или мерки донесени од надлежни државни органи;
  • измени во законската или регулаторната рамка кои директно влијаат врз можноста за обезбедување на услугите.

Страната која се повикува на виша сила е должна, без неоправдано одлагање, да ја извести другата страна за настанувањето на околностите, нивната природа, влијанието врз исполнувањето на обврските и, доколку е можно, за очекуваното времетраење.

За времетраење на настанот на виша сила, исполнувањето на погодените обврски се одложува за периодот во кој постои пречката, без одговорност за надомест на штета поради таквото доцнење или неисполнување.

Настанот на виша сила не ги ослободува страните од обврските кои настанале пред неговото појавување, особено обврските за плаќање на веќе настанати обврски.

Доколку состојбата на виша сила трае непрекинато подолго од 60 (шеесет) дена и суштински го оневозможува функционирањето на договорниот однос, секоја страна има право писмено да го раскине договорниот однос без обврска за надомест на штета по тој основ.

14.2. Делливост

Доколку која било одредба од овие Општи услови биде прогласена за ништовна, неважечка или неприменлива од надлежен орган, тоа нема да влијае врз важноста на останатите одредби.

Страните ќе настојуваат неважечката одредба да ја заменат со важечка одредба која најблиску ја одразува економската и правната цел на првичната одредба.

14.3. Пренос на права и обврски

Корисникот нема право да ги пренесува своите права и обврски кои произлегуваат од овие Општи услови на трето лице без претходна писмена согласност од Давателот.

Давателот има право да ги пренесе своите права и обврски од овие Општи услови на поврзано друштво, правен наследник или субјект кој го презема работењето на Платформата, со што Корисникот однапред се согласува.

14.4. Измени на Општите услови

Давателот има право да ги измени или дополни овие Општи услови кога тоа е потребно поради:

  • промена на функционалностите на Платформата;
  • воведување нови услуги;
  • технички или организациски промени;
  • промена на законски или регулаторни барања.

Изменетите Општи услови ќе бидат објавени преку Платформата со наведување на датумот на стапување во сила.

Доколку измените значително влијаат врз правата и обврските на Корисникот, Давателот ќе обезбеди соодветно известување пред нивното стапување во сила.

Продолжувањето со користење на Платформата по стапување во сила на измените ќе се смета за прифаќање на изменетите Општи услови.

14.5. Известувања

Сите известувања поврзани со користењето на Платформата, договорниот однос или овие Општи услови можат да се доставуваат преку:

  • електронска пошта;
  • кориснички профил;
  • известување во рамки на Платформата;
  • други електронски комуникациски средства определени од Давателот.

Корисникот е должен да обезбеди точни и ажурирани контакт податоци.

Електронските известувања се сметаат за примени кога се испратени на последната електронска адреса или кориснички профил доставени од Корисникот, освен ако Корисникот докаже спротивно.

14.6. Меродавно право

За овие Општи услови, нивното толкување и примена, како и за сите правни односи што произлегуваат од користењето на Платформата, се применува правото определено во Анексот за соодветната држава.

Страните ќе настојуваат сите спорови да ги решат спогодбено.

Доколку спогодбено решение не биде постигнато, за решавање на спорот надлежен е стварно и месно надлежниот суд определен согласно Анексот за соодветната држава, освен ако со закон е определена друга надлежност.

14.7. Јазик

Овие Општи услови се објавуваат на повеќе јазици. Меродавниот јазик се определува со Анексот за соодветната држава.

Анекс бр. 1
ПРАВИЛА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ И РЕФУНДАЦИЈА

1. Предмет и примена

Со овој Анекс се уредуваат условите и последиците од откажување на резервација, предвремено завршување на паркирањето и истек на резервацијата, како и начинот и роковите на рефундација.

Овој Анекс се применува во сите држави во кои е достапна Платформата, освен ако со Анексот за одделна држава не е определено поинаку.

2. Откажување од страна на Возачот

Возачот може да ја откаже потврдената резервација преку Платформата во секое време пред нејзиниот почеток.

Доколку откажувањето е извршено повеќе од еден (1) час пред почетокот на резервираниот период, на Возачот му се враќа целиот платен износ, како кредит во неговиот паричник.

Доколку откажувањето е извршено еден (1) час или помалку пред почетокот на резервираниот период, се наплатува 50% од цената на резервацијата, а преостанатите 50% се враќаат како кредит во паричникот на Возачот.

3. Предвремено завршување на паркирањето

Доколку Возачот го заврши паркирањето преку Платформата пред истекот на резервираниот период, наплатата се врши на следниов начин:

  • доколку Возачот искористил помалку од половина од резервираното време, се наплатува 50% од цената на резервацијата;
  • доколку Возачот искористил половина или повеќе од резервираното време, се наплатува износ сразмерен на фактички искористеното време.

Разликата помеѓу наплатениот и претходно платениот износ се враќа како кредит во паричникот на Возачот.

4. Истек на резервацијата и нејавување

Резервираното паркинг место му стои на располагање на Возачот за целото резервирано време и не е достапно за други Возачи, независно од тоа кога Возачот ќе го започне користењето.

Доколку Возачот не го заврши паркирањето преку Платформата пред истекот на резервираниот период, резервацијата истекува и се смета за целосно искористена, при што се наплатува целата цена на резервацијата.

Истото важи и кога Возачот воопшто не го започнал користењето на паркинг местото и претходно не ја откажал резервацијата.

5. Рефундација во кредит и исплата на банкарска сметка

Рефундациите согласно овој Анекс се враќаат како кредит во паричникот на Возачот.

Исплата на неискористениот кредит на банкарска сметка се врши согласно точка 6.1 од Општите услови.

6. Начин и рокови на поврат

Поврат во кредит во паричникот се извршува веднаш по одобрувањето, а најдоцна во рок од 24 часа.

Кога поврат се врши на банкарска сметка или на платежниот инструмент со кој е извршено плаќањето, Давателот го иницира поврат во рок од 5 работни дена од одобрувањето. Роковите на обработка кај Платежниот процесор, банките и картичните организации се надвор од контрола на Давателот.

7. Неуспешно плаќање и двојна наплата

Погрешно наплатени или двојно наплатени средства се враќаат по утврдување на грешката, без посебно барање од Возачот, во разумен рок.

8. Chargeback

Во случај на неоснован chargeback, Давателот има право привремено да ја блокира корисничката сметка до разјаснување на случајот и да ги преземе мерките предвидени со правилата на картичните шеми и со Општите услови.

9. Прикажување на правилата

Условите за откажување што важат за конкретната резервација му се прикажуваат на Возачот пред нејзината потврда.

Овој Анекс се објавува на веб-страницата и во апликацијата на Платформата.

Анекс бр. 2
ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1. Предмет

Овој Анекс за Република Северна Македонија („Анекс“) претставува составен дел на Општите услови за користење на платформата „123 Park Private“ и се применува на сите правни односи што произлегуваат од користењето на Платформата на територијата на Република Северна Македонија.

Во случај на несогласност помеѓу одредбите од Општите услови и одредбите од овој Анекс, предност имаат одредбите од овој Анекс за прашањата што се однесуваат на Република Северна Македонија.

2. Давател на услугите

За Република Северна Македонија Давател на услугите е:

„Друштво за производство, трговија и услуги ПАРКСПОТ ДОО увоз–извоз Скопје“, со седиште на ул. Борис Трајковски бр. 18, Општина Кисела Вода, Скопје, Република Северна Македонија, ЕМБС: 7556853, ЕДБ: MK4058021540679, застапувано од Управителот (во понатамошниот текст: „Давател“).

Давателот е трговско друштво основано и регистрирано согласно законите на Република Северна Македонија и управува со дигиталната платформа „123 Park Private“, преку која се овозможува:

  • регистрација на корисници;
  • објавување и управување со паркинг места;
  • резервација на паркинг места;
  • обработка на електронски плаќања;
  • издавање и користење на дигитални ваучери;
  • електронско управување со пристапот до паркинг местата; и
  • други дигитални услуги поврзани со функционирањето на Платформата.

3. Сопственик

„Сопственик“ е физичко или правно лице кое има право на сопственост или друго законско право да располага со определено паркинг место и кое преку Платформата го става тоа паркинг место на располагање за краткорочно користење од страна на Корисници, согласно Општите услови и посебниот договор склучен со Давателот.

4. Валута

Сите цени, надоместоци, провизии и плаќања преку Платформата за Република Северна Македонија се изразуваат и се вршат во македонски денари (MKD), освен ако со задолжителен закон не е поинаку определено.

5. Даночен третман

На услугите што се обезбедуваат преку Платформата се применуваат прописите на Република Северна Македонија кои се однесуваат на:

  • данокот на додадена вредност (ДДВ);
  • данокот на личен доход;
  • фискализацијата;
  • електронското фактурирање, кога е применливо;
  • водењето деловна документација и сметководствена евиденција.

Секој Корисник и Сопственик е должен да ги исполнува сопствените законски даночни обврски што произлегуваат од користењето на Платформата.

6. Права на потрошувачите

Доколку Корисникот има својство на потрошувач согласно важечките прописи на Република Северна Македонија, врз договорниот однос се применуваат задолжителните одредби од законите за заштита на потрошувачите, без оглед на останатите одредби од Општите услови.

Приговор во врска со услугата може да се поднесе преку каналите за поддршка наведени во точка 7 од овој Анекс. Давателот го евидентира приговорот и одговара во рокот утврден со прописите за заштита на потрошувачите. Потрошувачот има право да поведе постапка за вонсудско решавање на потрошувачки спор согласно Законот за заштита на потрошувачите.

7. Поддршка

Давателот обезбедува корисничка поддршка преку контактите наведени на Платформата, вклучително и:

  • електронска пошта;
  • Help Desk;
  • Inbox во рамките на Платформата; и
  • други комуникациски канали што ќе бидат објавени на Платформата.

Работното време, јазиците на комуникација и времето на одговор се објавуваат на Платформата и можат повремено да се менуваат.

8. Меродавно право и надлежност

За сите правни односи што произлегуваат од користењето на Платформата во Република Северна Македонија се применува правото на Република Северна Македонија.

За сите спорови кои не можат да се решат по мирен пат надлежни се стварно надлежните судови во Република Северна Македонија, освен ако со задолжителни прописи не е определена поинаква надлежност.

Доколку одредена одредба од Општите услови не е во согласност со задолжителните прописи на Република Северна Македонија, наместо неа ќе се применуваат задолжителните одредби од важечкото право на Република Северна Македонија, додека останатите одредби од Општите услови остануваат во сила.

За Република Северна Македонија меродавен е македонскиот текст на Општите услови и на нивните анекси, како и на другите документи што согласно точка 1 од Општите услови претставуваат нивен составен дел.

Преводите на други јазици се објавуваат заради информирање на Корисниците. Во случај на несогласност помеѓу текстовите, предност има македонскиот текст.

9. Рамковен договор

Со регистрација и прифаќање на Општите услови Возачот склучува договорен однос со Давателот за користење на Платформата.

Со Сопственикот дополнително се склучува Рамковен договор за закуп и користење на паркинг места.

Конкретниот однос со Возачот се докажува преку Потврда за резервација и електронски ваучер.